Два мобилни телефона и компјутер се одземени при претресот што денеска беше извршен во домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска. Информацијата за претресот ја потврди нејзиниот адвокат Сашо Дукоски за државната агенција МИА.
Според првичните информации, се работи за нова предистражна постапка на Специјалното јавно обвинителство, но оттаму и од полицијата засега не откриваат никакви детали за денешниот претрес.
Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ на СЈО.