ОГЛАС ЗА ПРИЕМ НА 300 ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ВО АРМИЈАТА

    ОГЛАС ЗА ПРИЕМ НА 300 ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ВО АРМИЈАТАПлатата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата. Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.

    Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на јавниот оглас.

    Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана. Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи“, велат од Министерството за одбрана.

    Заинтересираните за вработување во Армијата треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира