ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА 5 И 10 ОТСТО ОСТАНУВА ДА ВАЖИ ДО АПРИЛ

    ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА 5 И 10 ОТСТО ОСТАНУВА ДА ВАЖИ ДО АПРИЛМаржата на сончогледово масло за јадење е ограничена на 5 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи на 5 отсто и 10 отсто продолжува да важи до 30 април 2023 година, соопшти Министерството за економија. Станува збор за владина мерка за борба против инфлацијата, чиј што рок на важење беше продолжен на денешната владина седница.

    Станува збор за следните производи: леб бел; сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5% трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало. За производите: брашно од пченица – тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало со маржа од 10 отсто.

    „Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година. Дополнително на тоа, Владата на Република Северна Македонија овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, сè додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија. Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме коригирани цени“, велат од Министерството за економија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира