ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР Е ЕВРОПСКИ, РЕЧЕ ВЛАДО ПОПОВСКИ НА ПРОСЛАВАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

    ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР Е ЕВРОПСКИ, РЕЧЕ ВЛАДО ПОПОВСКИ НА ПРОСЛАВАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОРпрофесорот Владо Поповски не сакаше да коментира за новиот предлог за унапредување на јазикот, бидејќи уште го немал прочитано - заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери - (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Охридскиот договор не е паднат од небо.Тој е длабоко врежан во општеството и во историјата на Македонија“, рече професорот Владо Поповски, еден од креаторите на Рамковниот договор, на прославата на 16-годишнината од потпишувањето на документот со кој заврши конфликтот во 2001 година.

    Тој го цитираше францускиот уставен судија Роберт Бадентер.

    “За политичките-правни решенија во Рамковниот договор кажува изјавата на познатиот француски уставен судија Роерт Бадентер, дека карактерот на решенијата на Охридскиот договор ги прати трендовите на модерното европско право“, рече Владо Поповски, на прославата во Скопје.

    Тој како еден од авторите на документот рече дека дел од решенијата во Договорот се искористени и во други држави за решавање на етнички проблеми. Додаде дека Рамковниот договор многу ги има унапредено правата на малцинствата во одредени област, но и дека треба да се работи на унапредување на јазикот, фискалната децентрализација и на функционирањето на локалната самоуправа.

    „Со одобрување на законот за употреба на јазиците, кој наскоро ќе треба да се донесе од страна и на Парламентот, сегашната влада покажува дека сме на прав пат кон реализација на реформите и понатамошната демократизација на државните институции“, изјави вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика.

    Поповски не сакаше да коментира за новиот предлог за унапредување на јазикот, бидејќи уште го немал прочитано.
    “Бев отсутен и досега го немам прочитано законот. Кога ќе го прочитам ќе дадам свое видување“,изјави професорот Владо Поповски, за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    На 16 – годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор кој стави крај на вооружениот конфликт во 2001, присуствуваа и поранешни и актуелни функционери, претставници од владејачката коалиција и министри како и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

    Рамковниот договор беше потпишан во Охрид. Него го потпишаа претседателот Борис Трајковски, лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ПДП, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Арбен Џафери и Имер Имери, во присуство на олеснувачи од ЕУ и од САД.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира