ОМИКРОН ОТКРИЕН КАЈ ДЕВЕТ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ОД СКОПЈЕ, ОСВЕН ЕДЕН ОД КОЧАНИ

    ОМИКРОН ОТКРИЕН КАЈ ДЕВЕТ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ОД СКОПЈЕ, ОСВЕН ЕДЕН ОД КОЧАНИАнализите се направени во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Омикрон варијантата на ковид-19 е детектирана кај 9 пациенти од анализирани 24 примероци на позитивни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Тоа е 37,5% од позитивните примероци. Сите се од Скопје и еден од Кочани.

    Министерството информира дека анализите се направени во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје. Изработените 24 примероци позитивни на SARSCoV2, се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.

    Прв случај на сојот омикрон во Македонија беше детектиран на 22 декември, кај прележан и вакциниран патник кој дошол во земјава од Велика Британија, и имаше полесна клиничка слика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира