ОМИКРОН ПРИСУТЕН КАЈ 68 ОТСТО ОД СЕКВЕНЦИОНИРАНИТЕ ПРИМЕРОЦИ

    ОМИКРОН ПРИСУТЕН КАЈ 68 ОТСТО ОД СЕКВЕНЦИОНИРАНИТЕ ПРИМЕРОЦИСпоред епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. (Фото: СДК.МК)

    Омикрон сојот е присутен кај 68 отсто од заразените со ковид-19 изминатата недела. Министерството за здравство денеска соопшти дека во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје, во периодот од 5 до 10 јануари е направено секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на коронавирус, а кај 104 од нив е детектиран омикрон сојот.

    Омикрон сојот е откриен во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

    Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство апелира граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат како би спречиле ширење на вирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира