ОПЕРАЦИЈА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ ЗА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА НА СКОПСКА ОРТОПЕДИЈА

    ОПЕРАЦИЈА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ ЗА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА НА СКОПСКА ОРТОПЕДИЈАНа Клиниката за ортопедија ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација. (Фото: К. Попов)

    Седумдесетгодишна жена е првата пациентка на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОУРАЛУЦ), на која за првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот ѝ беше успешно изведена операција на колено, кажа денеска директорот д-р Александар Трајановски.

    Станува збор за интервенција изведена од хирурзи од ТОУРАЛУЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција, со асистенција на позајмен робот. Операцијата траела околу еден час.

    „Со огромно задоволство можам да кажам дека испишуваме историја на Клиниката за ортопедски болести. Направена е прва операција со асистенција на робот, што не е мала работа за мала држава како што е нашата, да сме рамо до рамо со сите светски клиники и сите европски и светски стандарди. Хирургот досега сѐ правеше сам. Сега роботот е асистенција на хирургот, но пак носечки дел е хирургот. Од големо значење е затоа што ги следиме сите светски стандарди и придонесува процентот за грешка да е многу помал“, кажа Трајановски, додавајќи дека на Клиниката и понатаму ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира