Лидерот на СДСМ Зоран Заев придружуван од речиси сите лидери на другите опозициски партии е на чело на маршот на Шарената револуција кој се движи од седиштето на Специјалното јавно обвинителство кон Владата.
Непосредно пред почетокот на вечерашниот протест претседателот Иванов ја повлече аболицијата за сите 56 лица кои беа помилувани со негова одлука на 12 април.