ОПРЕМАТА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ ЌЕ СЕ НОСИ НАДВОР ОД УБК, НАЈАВИ СПАСОВСКИ

    ОПРЕМАТА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ ЌЕ СЕ НОСИ НАДВОР ОД УБК, НАЈАВИ СПАСОВСКИМинистерот Спасовски најави дека се подготвува нов закон за следење на комуникациите и други закони со кои ќе се спроведе реформа во безбедносните структури. - Оливер Спасовски и Талат Џафери на координацијата во Собранието (Фото: МИА)

    Опремата за прислушување од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) ќе биде преместена на посебна локација со цел поголема транспарентност и професионалност во работата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    „Имаме неколку предлози кои ги разгледавме како опции. Идејата е опремата да биде преместена од МВР. Најдобро решение решение е да биде сместена во посебен оперативен центар, кој ќе биде задолжен за следење на комуникациите. Ова решение ќе биде разгледано од стручни лица и детално обработено на кој начин ќе ја реализираме оваа операција“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.

    Министерот Спасовски најави дека се подготвува нов закон за следење на комуникациите и други закони со кои ќе се спроведе реформа во безбедносните структури.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира