ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ, ДАРКО КОСТОВСКИ, ДАНЕЛА АРСОВСКА, АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ И 32-ЦА ДРУГИ НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗВЕШТАЈ ДО ДКСК ДАЛИ И КОЛКУ СЕ ЗБОГАТИЛЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКИТЕ ФУНКЦИИ

    ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ, ДАРКО КОСТОВСКИ, ДАНЕЛА АРСОВСКА, АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ И 32-ЦА ДРУГИ НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗВЕШТАЈ ДО ДКСК ДАЛИ И КОЛКУ СЕ ЗБОГАТИЛЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКИТЕ ФУНКЦИИДанела Арсовска, Орце Ѓорѓиевски и уште 34 градоначалници по престанокот на функциите не поднеле изјава за имотната состојба.(Фото:СДК.МК)

    Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила дека Данела Арсовска, Орце Ѓорѓиевски и уште 34 градоначалници по престанокот на функциите не поднеле изјава за имотната состојба. Исто така и 19 новоизбрани градоначалници, на чело со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, не ја исполниле оваа законска обврска.

    За првите треба да се види дали и колку се збогатиле од функцијата, истото важи и за новоизбраните, мора да се знае од колкав имот стартуваат.

    Покрај Ѓорѓиевски, во двете категории ги има и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, Андон Сарамандов на Гевгелија, Кутро Дудуш и други.

    Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси.

    Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

    За овие 54 бивши и сегашни градоначалници Антикорупциската комисија ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира