Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е осомничен во повеќе истраги на СЈО, а обвинет е и за насилствата и шамарите во општина Центар, попладнево дојде во ова обвинителство и како осомничен во случајот „Талир”.
Кога излезе, вознемирен рече дека во овој случај е осомничен затоа што ставил потпис на еден договор. Тој видно растревожен го обвини СЈО дека прави хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, дека е испостава на СДСМ и го повика да покрене случаи и за функционери меѓу социјалдемократите.
„Не случајно на овој ден се појавија и некакви реформатори, вршат политичка хајка на високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска бев осомничен заради тоа што сум ставил параф на некој договор“, изјави Јанакиески.
С. К. ДЕЛЕВСКА