ОСТАНУВАМЕ ВАШ СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ, КАЖА БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ГАЛОВЕЈ ПО ПОВОД БРЕГЗИТ

    ОСТАНУВАМЕ ВАШ СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ, КАЖА БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ГАЛОВЕЈ ПО ПОВОД БРЕГЗИТБританската амбасадорка Рејчел Галовеј на приемот во чест на 93. роденден на британската кралица Елизабета Втора на 14 јуни 2019. (Фото: СДК.МК)

    Британската амбасадорка во Скопје Рејчел Галовеј уверува дека Велика Британија ќе остане силен поддржувач на Северна Македонија и односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат, во нејзиното обраќање по повод Брегзит

    „Денес е денот кога Велика Британија ја напушта Европската унија. Важно е да се каже дека Велика Британија ја напушта ЕУ, а не Европа“, го почна обраќањето на македонски јазик Галовеј.

    Таа потсети дека Велика Британија е број еден странски директен инвеститор и број 2 трговски партнер на Северна Македонија.

    „Можам да ве уверам дека ние остануваме силен поддржувач на Северна Македонија и нашите односи ќе продолжат да се развиваат во иднина. Велика Британија е број 1 директен странски инвеститор во земјата и број 2 трговски партнер. Ја зголемивме нашата програма за поддршка, а исто така нашата поддршка за евроатлантските интеграции на земјата ќе продолжат. Како моја лична обврска, јас ќе продолжам да работам на зајакнување на односите меѓу двете држави како и на подобрување на мојот македонски јазик. Со нетрпение го очекувам ова ново поглавје во нашите односи“, рече Галовеј.

    Велика Британија ќе ја напушти ЕУ вечерва на полноќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира