ОСУДЕНИОТ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА НИКОЛА ВОЈМИНОВСКИ ИЗБЕГАЛ ОД КУЌЕН ПРИТВОР, РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО НЕГО

    ОСУДЕНИОТ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА НИКОЛА ВОЈМИНОВСКИ ИЗБЕГАЛ ОД КУЌЕН ПРИТВОР, РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО НЕГОВојминовски поднесе барање, но не беше амнестиран, по што уследило бегството. - Никола Војмниновски во судница (Фото: СДК.МК)

    Никола Војминовски, осуден на 13 и пол година затвор за обид за убиство на Зијадин Села за време на организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, избегал од дома, кај што беше со мерка куќен притвор. Тој беше осуден на 13,5 години затвор, што е највисоката казна досега за учество во насилствата на 27 април.

    „Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година при изрекување на првостепената пресуда, го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка. По добиеното известување, кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница“, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

    Војминовски поднел жалба на високата затворска казна до Апелациониот суд Скопје, но одлука нема сѐ уште. Во меѓувреме, тој се појави и сведочеше на предлог на Обвинителството за организиран криминал во судскиот процес против тогаш 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а кои сега половината се амнестирани.

    Војминовски поднесе барање, но не беше амнестиран, по што уследило бегството.

    И да се врати дома доброволно, нему веќе му е одредена мерка притвор, за враќање назад во Шутка, до правосилност на пресудата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира