ОТПАДОТ ОД СВИЊАРСКИТЕ ФАРМИ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ ЗАГАДУВА, ТУКУ СТАНУВА СТРУЈА ВО НОВАТА БИО ГАСНА ЕЛЕКТРАНА

    ОТПАДОТ ОД СВИЊАРСКИТЕ ФАРМИ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ ЗАГАДУВА, ТУКУ СТАНУВА СТРУЈА ВО НОВАТА БИО ГАСНА ЕЛЕКТРАНАио гасната електрана која почна со работа лани во декември е инвестиција на компаниите „Централ инвест“ и „Феро инвест“ на бизнисменот Кочо Анѓушев, „Агриа“ која е најголема фарма за свињи и производител на свинско месо во земјава и „АСП-ПАК“ која е компанија за производство на земјоделска амбалажа од Охрид.(Фото: СДК.МК)

    Отпадот од фармите во источна Македонија повеќе не ја загадува животната средина туку од него се прави струја во био гасната електрана во село Сарамзалино, Општина Лозово. Био гасната електрана која почна со работа лани во декември е инвестиција на компаниите „Централ инвест“ и „Феро инвест“ на бизнисменот Кочо Анѓушев, „Агриа“ која е најголема фарма за свињи и производител на свинско месо во земјава и „АСП-ПАК“ компанија за производство на земјоделска амбалажа од Охрид.

    Електраната се градеше две години, инвестицијата е 12 милиони евра и годишно произведува 17 милиони киловат часови струја, менува 16 тони јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата или е заменува 700.000 дрва во шума кои треба тоа да го прочистат воздухот. Од оваа електрана со струја може да се снабдат 3.500 семејства или 15.000 жители.

    „Био гасната електрана е најголемиот чистач на органски отпад во општеството, сè што е органско и може да се распадне во био гасната електрана е гориво, а нус производ е струја, чист хумус и течност за полевање на полињата како течност со хранливи материи за земјоделието. Може да апсорбира органски отпад од сите видови вклучително житарици, отпад од свињарски и краварски фарми, сурутка после правење на млеко, отпад од винарии, од градинарски култури, вклучително и комуналниот отпад доколку тој може да се селектрира од Општините. Ако не постојат вакви био електрани целиот тој отпад завршува на депонии или во реки. И таму се случува истиот процес, но неконтролирано, отпадот се разградува до метан, тој метан оди во атмосферата и е најголем непријател на озонската обвивка на земјината топка“, кажа Анѓушев сопственик на фирмите  „Централ инвест“ и „Феро инвест“.

    Електраната е направена од најсовремена опрема и целиот процес се следи и контролира компјутерски. Био гасната електрана може да произведува струја 365 дена, 24 часа на ден што не е случај за другите обновливи извори. Анѓушев вели дека енергетската транзиција е добра само ако обновливите избори на енергија се разновидни. Не може да има енергетска транзиција ако имаме само фотоволтаици или само био гасни електрани или струја само од ветерници.

    Спасе Спасески од „АСП-ПАК“ вели дека хумусот што го создава био гасната електрана на долг рок ќе го намали трошењето на минерални ѓубрива бидејќи е органско ѓубриво и ќе се користи за земјоделските површини.

    „Ние сме увозна зависна држава на минерални ѓубрива што значи има двоен ефект, ќе се намали таа зависност за увоз“, вели Спасески.

    Петар Колевски сопственик на најголемата свињарска фарма вели дека основен мотив за влез во оваа инвестиција е тоа што денес најголем проблем во земјава е загадувањето.Со ова био гасна електрана ќе се решиме проблемот со екологијата во источна Македонија. Во наредната фаза со нова инвестиција во електраната ќе може да се третира отпадот од кланиците и со тоа нема да има никакво загадување од овој тип на отпад.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира