ПАК ХАВАРИЈА ВО РЕК БИТОЛА, ОБЈАВИ СДСМ, ОД КОМБИНАТОТ НАЈАВИЈА СООПШТЕНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАК ХАВАРИЈА ВО РЕК БИТОЛА, ОБЈАВИ СДСМ, ОД КОМБИНАТОТ НАЈАВИЈА СООПШТЕНИЕ

    Не работат трите блока на енергетскиот гигант РЕК Битола, обвини СДСМ, а од РЕК велат дека за скоро време ќе се произнесат  со соопштение.

    На веб страницата на Социјалдемократскиот Сојуз објавено е соопштение во кое се наведува дека денеска се случила хаварија на блокот 2 во РЕК „Битола“.

    “По оваа хаварија, од денеска па во наредните денови целокупниот капацитет на термоелектраната Битола е надвор од енергетскиот капацитет на Република Македонија. Веќе подолго време надвор од функција се блоковите 1 и 3. Неодговорноста и неспособноста го доведува во прашање функционирањето на енергетскиот систем во земјава“, пишува во соопштениоето на СДСМ.

    Од Службата за односи со јавност при РЕК „Битола“ во телефонски разговор ни најавија дека за скоро ќе одговорат на ваквите обвинувања преку соопштение.

    Ова е втор пат летово во исто време да не работат сите три блока на РЕК, капацитет кој произведува 80 проценти од струјата во земјава. На десети јуни истовремено не работеа трите блока. Тогаш од комбинатот соопштија дека едниот блок бил исклучен заради поправка, другиот во ремонт, а третиот плански исклучен заради поволната хидролошка состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира