Со палење шест свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и изложба беше одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот. Овој ден се одбележува во чест на еврејската борба за човеково достинство.
Шест милиони Евреи се убиени во нацистистичките логори на смртта. Седум илјади и двесте македонски Евреи на 11 март 1943 година од скопскиот монопол беа однесени во логорот Треблинка.
Комеморацијата ја организираа Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.