ПАЛМЕР И БЕЈЛИ ВО КАВАДАРЦИ РАЗГОВАРАА ЗА АКТУЕЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ТЕМИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИТКО ЈАНЧЕВ

    ПАЛМЕР И БЕЈЛИ ВО КАВАДАРЦИ РАЗГОВАРАА ЗА АКТУЕЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ТЕМИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИТКО ЈАНЧЕВАмериканскиот дипломат Метју Палмер е дојден во Македонија да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа, како и за напредокот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ - Од средбата во Кавадарци (Фото: Фејсбук)

    Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, утринава се сретна со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопштија од Општината, Јанчев и Палмер, кој беше придружуван од американскиот амбасадор Џес Бејли, разговарале за актуелните политички теми и за развојот на Општина Кавадарци.

    Палмер вчера се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, а беше пред посетата беше најавено дека ќе се сретне и со претставници на локалните власти надвор од Скопје.

    Како што кажа Палмер вчера, тој е дојден во Македонија да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа, како и за напредокот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

    Вчера по средбата со Заев, Палмер изјави дека на опозицијата ѝ кажал да размисли сериозно што нуди Преспанскиот договор како европска иднина за Македонија и да најде начин како да ја поддржи оваа европска иднина.

    „Да гледаат на работите стратешки, да размислат што е најсветла иднина за македонските граѓани, посебно за младите, и сериозно да размислат што нуди Преспанскиот договор како европска иднина за Македонија, што отвора како можности и да најдат начин како да ја поддржат оваа европска иднина“, кажа Палмер и го нарече референдумот за Договорот од Преспа историски момент за Македонија и дека се надева оти граѓаните ќе излезат да гласаат да го кажат својот став.

    „Референдумот на 30 септември ќе биде важен датум. Се надеваме дека граѓаните ќе излезат да гласаат да го кажат својот став и дека ќе го направат тоа во атмосфера ослободена од дезинформации и обесхрабрување. Ова е навистина историски момент за Македонија и Договорот од Преспа ја отвора европската иднина за Македонија“, рече Палмер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира