ПАНЧЕВСКИ Е ЗА ПСИХИЈАТРИСКА ОПСЕРВАЦИЈА, КАЖА ЈАНЕВА

    ПАНЧЕВСКИ Е ЗА ПСИХИЈАТРИСКА ОПСЕРВАЦИЈА, КАЖА ЈАНЕВАПанчевски во петокот до медиумите испрати видео од претресот во неговиот дом и го обвини СЈО дека му одзеле клуч. - Владимир Панчевски; Катица Јанева

    Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека не е одземен клуч од домот на експретседателот Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски за време на претресот со судски налог за предистражна постапка на СЈО во четвртокот. Панчевски следниот ден до медиумите испрати видео од претресот во неговиот дом и го обвини СЈО дека му одзеле клуч, за што Јанева кажа дека „тоа што тој го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација“.

    „Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски! Да појаснам, во моментот кога ние имавме наредба од суд да извршиме претрес, во станот на Панчевски, немаше потреба никаква да земаме без потреба никакви работи. Ние можевме да земеме сè што е предмет на наредбата и сè е одземено со записник за претрес и тоа и го направивме. А, тоа што тој го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација“, изјави Јанева за време на денешната конференци за модел за борба против корупцијата во Скопје.

    Во четвртокот, Јанева со тим обвинители и истражители, со налог за претрес од Основниот суд Гевгелија влезе во канцеларијата и домот на Панчевски и заплени материјали во врска со злоупотреби на системот за автоматска распределба на предмети кај судиите. Панчевски е осомничен и за оддавање службена тајна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира