Цената на парното греење во Скопје од 1 ноември ќе поскапи за 4,51 отсто. Тоа, според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика, значи дека просечната сметка од 1.800 денари ќе биде зголемена за 80 денари.
„Од бараните 50 отсто зголемување на цената кои го бараа компаниите ние одобривме 4,5 отсто. Одлуката за новата цена ја донесовме откако се осигуравме дека цевките на мостот ‘Беласица’ ќе бидат искористени, за да може да се користи енергијата од Те-То“, рече претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски.
Бислимоски кажа дека ако не се користи енергијата на Те-То, тогаш поскапувањето ќе било 60 отсто.
А. АНТЕВСКА