ПЕНЗИОНИРАНИТЕ ПИЛОТИ НА „ЕР ТРАКТОРИТЕ“ ЌЕ СЕ АНГАЖИРААТ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО И ОД УТРЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ПЕНЗИОНИРАНИТЕ ПИЛОТИ НА „ЕР ТРАКТОРИТЕ“ ЌЕ СЕ АНГАЖИРААТ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО И ОД УТРЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА„Ер тракторите“ утре може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка Планина), а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење, вели ЦУК. (Фото: ЦУК)

    Двајцата пензионирани пилоти на „ер тракторите“ може да бидат ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

    Тој вели дека Владата на денешната седница ѝ даде согласност на Дирекцијата со договор на дело да ги ангажира двајцата пензионирани пилоти.

    „Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и ‘ер тракторите’ на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка Планина), а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење“, вели Ангелов.

    Во моментов, државата има само еден пилот за гасење шумски пожари со авион, бидејќи двајца пролетва отидоа во пензија. Нови не се вработени оти беа распишани изборите и не можеа да се објавуваат огласи за вработување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира