ПЕТМИНА БОЛНИ ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОВИД-19 СО КРВНА ПЛАЗМА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ПЕТМИНА БОЛНИ ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОВИД-19 СО КРВНА ПЛАЗМА, КАЖА ФИЛИПЧЕИнститутот за трансфузиона медицина денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. (Фото: Министерство за здравство)

    Петмина пациенти кои беа хоспитализирани поради КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се излекувани со крвна плазма, соопшти денес Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека е благодарен на сите оздравени пациенти кои донираа крвна плазма, и аплерише до сите што можат да донираат да го сторат тоа.

    „Да спасиме човечки живот и да ја надминеме оваа здравствена криза. Пациентите можат во секое време да го контактираат  Институтот за трансфузиона медицина за начинот на донирање“, кажа Филипче.

    Од Министерството велат дека Институтот за трансфузиона медицина денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. Овој апарат Институтот го набавил од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма.

    „Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со КОВИД-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирусот. Со клеточниот сепаратор, значително ги зајакнуваме капацитетите на нашиот Институт“, рече директорот на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини.

    Формуларот за донирање на конвалесцентна плазма е достапен на следниов линк.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.898, од кои оздравени се 1.378, починати е 111, а во моментов активни случаи се 409.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира