ПЛАНОТ Б ЗА ДУПКАТА ПО ГРУПНОТО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Е СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ КОИ РАБОТАТ ПОД НОРМА ДА СЕ ВКЛУЧАТ КАЈ ПРЕНАТРУПАНИТЕ КОЛЕГИ, ВЕЛИ ТУПАНЧЕСКИ

    ПЛАНОТ Б ЗА ДУПКАТА ПО ГРУПНОТО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Е СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ КОИ РАБОТАТ ПОД НОРМА ДА СЕ ВКЛУЧАТ КАЈ ПРЕНАТРУПАНИТЕ КОЛЕГИ, ВЕЛИ ТУПАНЧЕСКИЕдинственото решение кое што ни преостанува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, очекува министерот од судската власт (Фото:СДК.МК)

    Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека единственото решение по пензионирањето на педесетина судии и јавни обвинители е да се направи внатрешена реорганизација, бидејки во државата има обвинителства и судови кои се препотоварени, но има судии и обвинители кои работат под норма.

    „Единственото решение кое што ни преостанува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства кои што се преоптоварени, а има и судови и јавни обвинителства каде се работи практично под норма. Тоа е единственото решение во моментов кое што би можело да има практичен контекст, затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна реорганизација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број, би можеле ако не друго барем прилично да го надоместиме она што ни недостасува“, одговори тој на прашањето што како решение ќе преземе држават откако не помина предлогот да им биде одложено пензионирањето на 42 судии и 11 обвинители.

    Како што нагласи тој, до крајот на годината дел од испразнетите места ќе бидат пополнети бидејки ќе има 60-тина нови лица кои што ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители на кои судско-обвинителсткиот систем може да се надева. Паралелно Тупанчевски вели дека за година ипол ќе излезат и нови стотина судии и јавни обвинители со што ќе се пополнат упразнетите места со нов кадар откако во овој период ке се пензионираат оние што наполнуваат години.

    Сепак, академците може да бидат избирани само во прв степен во судовите и во обвинителствата, па ќе треба што побрзо, од постоечкиот кадар во основните судови и во обвинителството, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да унапредат во Апелационите судови и во Врховниот суд, односно во Вишите јавни обвинителства и во Републичкото.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира