ПО ДВЕ ГОДИНИ ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА СМРТТА НА 13-ГОДИШНИОТ ДАВИД, ИНСПЕКТОРКАТА КОЈА ГО ПРЕГАЗИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВНА

    ПО ДВЕ ГОДИНИ ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА СМРТТА НА 13-ГОДИШНИОТ ДАВИД, ИНСПЕКТОРКАТА КОЈА ГО ПРЕГАЗИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВНАДва дена по смртта на Давид, на 20 септември на местото на несреќата на булевар Илинден беше одржан мирен протест во организација на неформалната граѓанска иницијатива „НаТочак“

     

    По седум обиди да почне и со постојани одлагања, денеска во Основниот суд Скопје 1 на обвинителна клупа конечно седна инспекторката од Агенцијата за храна и ветеринарство Маја Лукарева, која на 18 септември, 2015 година со кола смртно го прегази 13-годишниот велосипедист Давид Ангеловски од Скопје. Таа детето го прегази со службен автомобил „фијат пунто“, на пешачкиот премин на булевар Илинден кај Градска фонтана.

    На почетокот на судењето обвинетата Лукарева се огласи за невина. Рече дека во текот на постапката ќе се докаже оти таа не била виновна за трагичниот настан.

    Сослушани беа и тројца сведоци, од кои двајца подетално го опишаа настанот.

    Речиси две години овој судски процес беше развлекуван и никако не можеше да почне. Смртта на Давид предизвика голем револт кај граѓаните и спонтани граѓански протести.

    Судењето се одложи за 30 август, по летната ферија на судиите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира