ПО ЕДЕН МЕСЕЦ РАСПУСТ, ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО 8 СКОПСКИ УЧИЛИШТА, ПАК ВО СМЕНА НА МАТУРАНТИТЕ

    ПО ЕДЕН МЕСЕЦ РАСПУСТ, ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО 8 СКОПСКИ УЧИЛИШТА, ПАК ВО СМЕНА НА МАТУРАНТИТЕ Учениците и професорите си заминаа, а веднаш по добиените пријави, од полицијата се преземени мерки и антитерористички проверки за расчистување на случајот (Фото:СДК.МК)

    По едномесечна пауза, денеска околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на мејл-адресите на осум средни училишта во Скопје, упатени се закани за поставена експлозивна нaправа.

    Учениците и професорите си заминаа, а веднаш по добиените пријави, од полицијата се преземени мерки и антитерористички проверки за расчистување на случајот.

    Интересно е што според „истрагата“ што ја водат самите ученици од училиштата кои постојано се цел на анонимни мејлови, заканите се упатуваат баш кога четврта година, односно матурантите се во смена.

    Веќе голем дел од овие ученици претпоставуваат дека дојавите за бомби се од нивни врсници.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира