Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц в недела ќе дојде во Македонија, првпат по 27 ноември кога беше еден од говорниците на централниот предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Како што дознаваме од официјални извори, иако не е објавена програмата за посетата, Курц ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а ќе оди и на границата кај Гевгелија во улога на претседавач ОБСЕ.
Неговиот сонародник, еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан од синоќа е во Скопје за министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на енергетиката, а ќе се сретне и со лидерите на политичките партии.