ПОЧИНА ГЛИГОРИЕ ГОГОВСКИ, ПОСЛЕДНИОТ ПРЕМИЕР НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА

    ПОЧИНА ГЛИГОРИЕ ГОГОВСКИ, ПОСЛЕДНИОТ ПРЕМИЕР НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈАГоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс” oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. (Фото: МИА)

    Денеска во Тетово почина Глигорие Гоговски, стопанственик и политичар кој во периодот од 1986 до 1991 беше претседател на последниот Извршен совет на Македонија, а како премиер на преодната влада ги подготви првите слободни и повеќепартиски избори. Имаше 79 години.

    Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс” oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Роден е во 1943 во Тетово, во 1968 дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб.

    Гоговски ќе биде погребан утре во 13 часот на гробиштата во Тетово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира