ПОЧИНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ЈОВАН СТОЈАНОВСКИ

    ПОЧИНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ЈОВАН СТОЈАНОВСКИЈован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. (Фото: Фејсбук)

    Утринава во Охрид почина градоначалникот професор д-р Јован Стојановски (48). Веста ја потврдија од Одделението за односи со јавноста при локалната самоуправа.

    Засега има само неофицијални информации како настанала смртта на охридскиот градоначалник.

    Од општината соопштија дека Комеморативната седница по повод смртта на Стојановски ќе се одржи в понеделник од 10 часот  во Големата општинска сала.

    Погребот на Стојановски е закажан за в понеделник од 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.

    Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од  раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

    Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира