Реномираниот хирург, професор Владо Јаневски, почина денеска по повеќегодишно боледување, потврди Министерството за образование. Имаше 71 година. Јневски е сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Јаневски остави значаен придонес во областа на хирургијата и медицинската едукација, пренесувајќи знаење и искуство на бројни лекари кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во приватните здравствени установи.
Погребот ќе биде на 1 март, од 11 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.



