ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА МАРАТОНСКОТО ПЛИВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, АЛЕКСАНДАР ЛЕКО РАДИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:27:"Охрид,(МЕТА.МК)

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА МАРАТОНСКОТО ПЛИВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, АЛЕКСАНДАР ЛЕКО РАДИЌ

    Во Охрид, на 87 годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ.

    Погребот ќе се изврши утре 18-ти јуни, на градските гробишта во Охрид.

    Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се смета за зачетник, татко на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, кои Охрид и Македонија ги прославија на сите светски меридијани.

    Радиќ е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони како што се братот и сестрата Дики и Атина Бојаџи, Климе Савин, Насте Јончески, Ристо Бимбиловски и Александар Маленко.

    Роден е во 1929 година во Охрид, а својата пливачка и тренерска кариера ја започнал во ПВК „Охридски бранови“.
    Во 2013 година Леко Радиќ го доби највисокото општинско признание за животно дело Свети Климент Охридски – Патрон на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари