Амбасадорот на Македонија во Сојузна Република Германија, Рамадан Назифи, почина ненадејно на 60 години, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој беше назначен на оваа функција во 2019 година.
Назифи е роден во скопското село Радуша во 1962, а дипломирал француски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје.
Кариерата на професионален дипломат ја почнал во 1995, при што работел и водел повеќе директорати на Министерството за надворешни работи.
Првиот дипломатски ангажман во странство му бил аташе во македонската амбасада во Бон, а беше и министер-советник во амбасадата во Берлин. Од 2009 до 2013 беше амбасадор на Македонија во Швајцарија.