ПОЧИНА МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР ДОДЕКА СЕ СНИМАШЕ НА ВАГОН ВО КИСЕЛА ВОДА

    ПОЧИНА МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР ДОДЕКА СЕ СНИМАШЕ НА ВАГОН ВО КИСЕЛА ВОДАПред две години, 17-годишна девојка, исто така, доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Маџари. (архивска фотографија)

    Почина 17-годишното момче од скопско Волково, кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон на пруга во Кисела Вода на 16 јануари, потврдија од Клинички центар.

    „За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди“, велат од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

    Оттаму додаваат дека момчето било третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

    Пред две години, 17-годишна девојка, исто така, доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Маџари. Тогаш, девојката преживеа, но имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото и помина месец дена на лекување во болница.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира