ПОЧИНА НОВИНАРКАТА НЕВЕНКА МИТРЕВСКА, ПРВАТА ЖЕНА НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКА АНАЛИТИЧАРКА

    ПОЧИНА НОВИНАРКАТА НЕВЕНКА МИТРЕВСКА, ПРВАТА ЖЕНА НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКА АНАЛИТИЧАРКАМитревска работниот век го помина во „Нова Македонија“, а беше и дописничка од Атина.

    Почина Невенка Митревска, доајенка на македонското новинарство со исклучително познавање на надворешната политика. Имаше 81 година. Митревска беше прва жена надворешно-политичка аналитичарка, фах кој дотогаш се сметаше за машки.

    Работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дописничка од Атина, и дел од тимот извонредни новинари во Надворешната рубрика на весникот (Филип Симоновски, Свето Серафимов, Велко Коцев, Душко Малевски, Милчо Коцев, Гроздан Попов) во 1970-тите и 1980-тите години.

    Како многу млада таа беше дел и од редакцијата на „Нова Македонија“ која работеше во теренските услови покрај шатори во деновите по земјотресот во Скопје 1963. Подоцна стана дел од Надворешната рубрика и таму го достигна својот професионален врв, а нејзините надворешнополитички анализи, коментари и репортерски извештаи беа истакнати. Митревска беше на челото на првата македонска новинска агенција Макпрес.

    Ќе биде погребана утре (17 март), во 11 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира