ПОЧИНА НОВИНАРОТ АТАНАС КОВАЧЕВСКИ

    ПОЧИНА НОВИНАРОТ АТАНАС КОВАЧЕВСКИКовачевски долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во Македонската радио телевизија. Последните 10 години беше портпарол на австриската компанија. (Фото: Фејсбук)

    Ненадејно почина новинарот и портпарол на компанијата ЕВН Атанас Ковачевски.

    Од ЕВН потврдија дека Ковачевски починал рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми.

    Ковачевски имаше 50 години. Долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во јавниот сервис Македонската радио телевизија. Последните 10 години беше портпарол на австриската компанија.

    „Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор во земјава. Тој даде огромен придонес во Одделот за комуникации, обликувајќи ги и пренесувајќи ги информациите од компанијата  на едноставен и разбирлив начин. Портпаролската позиција во компанијата ја водеше со огромна посветеност и темелност“, велат од ЕВН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира