ПОЧИНА ПАТНИК ВО АВИОН НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ-БАЗЕЛ

    ПОЧИНА ПАТНИК ВО АВИОН НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ-БАЗЕЛАвионот бил над Албанија кога капетанот побарал да се врати назад и итно да слета во Скопје. Патеката на авионот во кој почина патникот (извор: flightradar24.com)

    Патник почина во авион кој летал на релација Скопје-Базел на 26 март, потврдија од МВР за САКАМДАКАМ.МК

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека починатиот е македонски државјанин од Тетово, но не соопштија повеќе детали.

    САКАМДАКАЖАМ.МК од извори на Скопскиот аеродром дознава дека авионот на унгарската нискобуџетна компанија Визер се вратил брзо по полетувањето откако екипажот забележал дека на еден патник му се слошило. Авионот полетал кон Базел во 13.07 минути. Капетанот решил да се врати во Скопје и да побара итно слетување уште додека бил во фаза на подигање на авионот кон крстосувачката висина некаде над Албанија. Според соговорниците на САКАМДАКАЖАМ.МК, патникот на околу 35-40 годишна возраст уште во авионот не давал знаци на живот.

    Авионот  слетал назад на аеродромот околу 14 часот. Бил пречекан од лекарска екипа, но за жал само била констатирана смрт кај патникот. Мртвото тело на патникот било преземено од тим на судска медицина.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека немаат информации за причината за смртта на патникот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира