ПОЧИНА ПРЕГАЗЕНОТО ДЕТЕ ВО КУМАНОВО, СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА АПЕЛИРА НА НЕСРЕЌАТА ДА НЕ И СЕ ДАВА ЕТНИЧКА ДИМЕНЗИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:480:"ЧетиригодишниотАлмиреднанеделабешенаапаратинаДетскатаклиникавоСкопјеинеуспеадазакрепнеодтешкитеповреди.Возачотнамерцедесоткојгопрегазивобаналнарасправијаевопритворипротивнегообвинителствотопокренаобвинениезаубиствовообид

    ПОЧИНА ПРЕГАЗЕНОТО ДЕТЕ ВО КУМАНОВО, СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА АПЕЛИРА НА НЕСРЕЌАТА ДА НЕ И СЕ ДАВА ЕТНИЧКА ДИМЕНЗИЈА

    Почина 4 годишниот Алмир од Куманово, кој минатата сабота беше прегазен пред Здравствениот дом Куманово, поради банална расправија на неговите родители и еден кумановец.

    Детето една недела беше на апарати на Детската клиника во Скопје и не успеа да закрепне од тешките повреди. Возачот на мерцедесот Б.И. од Куманово е во притвор и против него обвинителството покрена обвинение за „убиство во обид“, кое најверојатно ќе биде преквалификувано.

    По сознанието за смртта на момчето, преку социјалните мрежи се најавуваат протести пред полицијата и судот, каде ќе се бара казна за виновникот.

    По овој инцидент во Куманово заседаваше Локалниот совет за превенција на кој присуствуваа градоначалникот, претставници од сите политички партии во советот на општина Куманово, МВР и невладини организации, кои го осудија немилиот настан и побараа виновникот да се казни, а на инцидентот да не му се дава етничка димензија.

    Несреќата се случи минатата сабота околу 22.30 часот, кога родителите со Алмир заминале на лекар. Во Здравствениот дом биле Б.И. и негова пријателка, при што настанала банална расправија кој прв да влезе во ординацијата.

    Кога тргнале дома, на улицата настанала физичка пресметка помеѓу роднини на двете семејства кога Б.И., со својот мерцедес удрил во родителите и детето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира