ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ ДИМИТАР БАЈАЛЏИЕВ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ ДИМИТАР БАЈАЛЏИЕВ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕПрофесорот Бајалџиев беше министер за образование и наука од 1992 до 1994 година, а беше и декан на Правниот факултет. (Фото: Правен факултет)

    Долгогодишниот професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Димитар Бајалџиев, почина вчера на 78 години, соопшти Правниот факултет.

    Бајалџиев почна со работа на Правниот факултет во 1969 година како асистент. Во 1977 година го одбранил магистерскиот труд на тема „Важноста на нормите во јавниот живот на луѓето“, а за предавател е избран во 1978. Во 1985 година докторирал во Скопје, кога е избран за доцент, а од 1995 година е редовен професор.

    Професорот Бајалџиев беше министер за образование и наука од 1992 до 1994 година, а беше и декан на Правниот факултет.

    Посмртните останки на проф. д-р Димитар Бајалџиев ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 16.08.2022 година (вторник) од 13 до 14 часот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира