Стамен Филипов, пензиониран правник од АРМ со чин потполковник, познат каков човекот што поднел најмногу претставки до Уставниот суд на РМ, почина вчера на 74-годишна возраст, објави агенцијата „Мета“.
Во текот на своите пензионерски денови, Филипов поднесе 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308.
Од нив, 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи, а 32 подзаконски прописи укинати во целина. За 569 негови иницијативи, судот не почнал постапка.