ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ПАТНИЧКА ОД ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦ

    ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ПАТНИЧКА ОД ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦПревртениот автобус на струшката компанија „Еуробус“ неколку часа по несреќата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Уште една жена починала од патниците што настрадаа во автобуската несреќа кај Лесковац на 16 декември, со што бројот на жртви од несреќата е 5, велат од Министерство за здравство. Починатата цело време била на апарати за дишење на интензивна нега во болницата во Ниш.

    Останатите 5 пациенти кои беа со потешки повреди во болницата во Ниш и 4 со полесни повреди кои беа во болницата во Лесковац се пренесени во Македонија.

    „Дел се пренесени во болницата во Битола, дел на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, интензивно лекување и ургентен центар, а дел се дома“, велат од Министерство за здравство.

    Автобусот на струшката компанија „Еуробус“ на 15 декември во 19 часот тргнал од Битола за Виена и околу 1.40 часот минатата недела наутро се преврте во близина на Лесковац.

    Во несреќата беа повредени 35 луѓе. На местото на несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца беа повредени. Од нив 14 беа хоспитализирани, а останатите по укажаната медицинска помош беа сместени во хотел.

    Истрагата на српските власти за утврдување на причините за несреќата е во тек.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира