Денеска започна шестата по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Верна – една и единствена“, соопшти компанијата.
Како и во досегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Верна картичката се станува потенцијален добитник на лаптоп Дел, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени.
Главни награди се: скутер Хонда, моторцикл Хонда, гумен чамец комплет со приколка и мотор Хонда и финалната мастер награда – современата Хонда џез хибрид.
Оние потрошувачи кои сè уште не извадиле Верна картичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Верна – една и единствена“.