ПОЧНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ, ФРУСТРИРАЧКИ Е ШТО СЕДИМЕ ВО ЧЕКАЛНА 16 ГОДИНИ, МУ КАЖА МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ НА ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР НА ДЕНОТ НА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

    ПОЧНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ, ФРУСТРИРАЧКИ Е ШТО СЕДИМЕ ВО ЧЕКАЛНА 16 ГОДИНИ, МУ КАЖА МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ НА ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР НА ДЕНОТ НА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТАМинистерот за правда Бојан Маричиќ на владина седница. (Фото: Влада)

    Европската унија треба да се одлучи да ги почне преговорите за членство на Северна Македонија, зашто фрустрирачки е седењето во чекалната на ЕУ цели 16 години и покрај постојаните позитивни препораки од неа, побара министерот за правда Бојан Маричиќ од евроамбасадорот Дејвид Гир на денешниот онлајн настан по повод 9 Декември, Ден на борбата против корупција.

    Маричиќ на присутниот амбасадор му кажа дека ќе ја искористи приликата и да му претстави колку отворањето на преговорите би ги поттурнале нашите почнати реформи во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

    Маричиќ, а особено претставникот на невладиниот сектор Миша Поповиќ, укажаа дека залудни се сите напори и реформи, ако правосудството не е како што треба. Маричиќ побара судиите да ги завршат предметите за корупција и организиран криминал што ги отвори СЈО, а кои се од висок јавен и од интерес на државата за натамошниот напредок. Обвинителството да ги тера новоотворените истраги и да има будно око за евентуални нови коруптивни и случаи од организиран криминал.

    Според Поповиќ, клучна алка за борба против корупцијата е правосудството. Тоа да профункционира како што треба, автоматски ќе зајакнат и Државниот завод за ревизија, и Антикорупциска комисија, и сите останати фактори за борба против корупцијата.

    Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски кажа дека Антикорупциската комисија треба да го инсталира веќе еднаш софтверот што ќе ги поврзува над 15 институции преку кои ќе биде олеснет пристапот до потребните податоци за да се воочи секое коруптивно однесување на јавните функционери и службеници. А Владата дека е тука да помогне што треба.

    Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска на Маричиќ и на Николовски им се заблагодари на декларираната поддршка за институцијата, и како што заклучи, за нивната истрајност во ветената поддршка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира