ПОЧНУВА КАМПАЊАТА „НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ – ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА“

    ПОЧНУВА КАМПАЊАТА „НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ – ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА“„Портокаловата боја е избрана како симбол за посветла иднина без насилство врз жените и таа боја е основа за целата кампања која ќе трае 16 дена“, вели организаторот

    Вечерва во 19 часот во паркот Жена борец во Скопје, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, официјално ќе почне годинешната кампања под слоганот „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“.

    „Во светски рамки, една од три жени е жртва на насилство. Насилството врз жените и девојчињата постои во најразлични форми, во кои влегуваат различните психички и физички акти на насилство што се случуваат секој ден. Цел на кампањата е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Замислена е да ја рефлектира темата ‘Обојте го светот во портокалово: Генерацијата Еднаквост зазема став против силувањето’, а како носечки симбол на овој настан е целосното ‘портокалово’ осветлување на паркот. Портокаловата боја е избрана како симбол за посветла иднина без насилство врз жените и таа боја е основа за целата кампања која ќе трае 16 дена“, најавува организаторот.

    Настанот е поддржан од Владата, како и од Мисиите на ОН, Европската Унија и ОБСЕ во државава.

    Со настанот започнуваат и останатите активности што ќе се реализираат во текот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство’, што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира