ПОДОБРО ДА НЕ СЕ ДОНЕСЕ, ОТКОЛКУ ДА СЕ ИЗГЛАСА ВАКОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, СО ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРЕЊА, ВЕЛИ ЈОВЕСКИ

    ПОДОБРО ДА НЕ СЕ ДОНЕСЕ, ОТКОЛКУ ДА СЕ ИЗГЛАСА ВАКОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, СО ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРЕЊА, ВЕЛИ ЈОВЕСКИНа колегите обвинители, Јовески им рече дека ја имаат неговата целосна поддршка да не потклекнуваат на ничии притисоци и да работат во рамките на нивната надлежност, без мешање од страна. - Државниот обвинител Љубомир Јовески (Фото: СДК.МК)

    Државниот обвинител Љубомир Јовески го критикуваше начинот на кој партиите се договараат да донесат Закон за јавното обвинителство, во неговото новогодишно обраќање.

    „Она што е неопходно, не заради Брисел, е носење на нов Закон за јавно обвинителство, но ќе подвлечам квалитетен и издржан закон, а не решенија кои ќе бидат резултат на дневно-политички договарања. Подобро да не се донесе закон, отколку да се изгласа закон со вакви решенија“, кажа Јовески.

    Тој на колегите обвинители им рече дека ја имаат неговата целосна поддршка да не потклекнуваат на ничии притисоци и да работат во рамките на нивната надлежност, без мешање од страна.

    „Само на овој начин, почитувајќи ја правната сигурност и владеење на правото, Јавното обвинителство ќе ја постигне својата цел за ефикасност на кривичната правда со што ја зголеми довербата кај граѓаните“, рече Јовески.

    Законот за Јавно обвинителство е еден од условите за добивање датум за преговори со ЕУ, но сè уште не е влезен во собраниска процедура, по неуспешните преговори меѓу партиите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира