ПОИНАКВИ ЌЕ БЕА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НА ИРИ АКО БЕШЕ НАПРАВЕНА ПО ДОГОВОРОТ ЗА ФРОНТЕКС, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

    ПОИНАКВИ ЌЕ БЕА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НА ИРИ АКО БЕШЕ НАПРАВЕНА ПО ДОГОВОРОТ ЗА ФРОНТЕКС, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИСпоред истражувањето на ИРИ, Ковачевски има рејтинг од 5 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека резултатите од анкетата на ИРИ за јавното мислење во Македонија ќе биле поинакви ако била направена малку подоцна, откако ќе бил потпишан договорот со ЕУ за Фронтекс. Одговарајќи на новинарско прашање за анкетата на ИРИ, во делот за европските интеграции и заштитата на македонскиот јазик, Ковачевски рече дека анкетата веќе била завршена кога бил потпишан договорот со ЕУ за Фронтекс и не било почнато преведувањето на целото законодавство на ЕУ.

    „Сепак, граѓаните во огромен процент, три четвртини, се за зачленување во ЕУ и не гледаат друга алтернатива. Дополнително, има еден многу значаен податок, а тоа е дека во таа анкета не се опфатени подоцнежните одлуки кои што се случија, бидејќи тие се случија на 26 октомври кога веќе завршено е истражувањето, а тоа е потпишувањето на договорот за Фронтекс и практично воведувањето на чист македонски јазик без никакви фусноти и појаснувања, како и почетокот на преведувањето на целото законодавство на македонски јазик за што веќе се склучени договори со оператори“, кажа Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата за презентација на буџетот на Министерството за одбрана.

    На прашањето дали македонскиот јазик е заштитен или загрозен со преговорите со ЕУ, 13 отсто од испитаниците кажале дека е целосно заштитен и 29 отсто дека е делумно заштитен. Според истражувањето, Ковачевски има рејтинг од 5 отсто.

    Истражувањето на јавното мислење на ИРИ е спроведено од Центарот за анализи на анкети на Брима. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст над 18 години од 23 септември до 13 октомври со маргина на грешка од 2,8 отсто и 95 отсто ниво на доверба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира