ПОЛА МАКЕДОНИЈА НЕМА МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ ОТИ ВЛАСТА НЕ ДАВА ДОВОЛНО СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛА МАКЕДОНИЈА НЕМА МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ ОТИ ВЛАСТА НЕ ДАВА ДОВОЛНО СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

    Жените од руралните средини имаат најмалку пристап до советувалишта за семејно планирање и до гинеколошки услуги, а меѓу нив најмалку пристап до овие здравствени сервиси имаат жените Ромки. Ова е нотирано во последниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент.

    Во него се вели дека жените од урбаните средини имаат подобар пристап до овие владини сервиси, додека една од причините што жените Ромки не можат да го остварат правото на здравствена заштита е таа што многу од нив немаат лични карти, кои се неопходни за да ги остварат овие права.

    Проблемот со недоволен пристап до гинеколошки услуги во многу делови од земјава, а пред се во руралните средини, според Здружението на приватни матични гинеколози, е стар повеќе години, а ниту во скоро време ќе има соодветно решение. Гинеколозите објаснуваат дека тоа се должи пред сѐ на погрeшната здравствена политика која е водена изминатите пет до десет години, бидејќи навреме не се распишани државни специјализации за матични гинеколози.

    „Лани во септември, Mинистерството за здравство распиша оглас за специјализација на 47 гинеколози, и тој оглас е строго наменски, односно е за матични гинеколози за општини каде сега нема матичен гинеколог. Двајца од специјализантите според тој оглас треба да бидат матични гинеколози во Општина Шуто Оризари, каде со години пропаѓа огласот на Министерството за здравство да обезбеди матичен гинеколог“, вели д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни матични лекари.

    Тој смета дека овој оглас само делумно ќе го реши проблемот со недостиг од гинеколози, но дури по пет години кога ќе им заврши специјализацијата на колегите и тоа во општините каде сега нема гинеколог.

    „Што правиме со фактот дека годишно се пензионираат по десетина гинеколози, а никој не ги заменува, бидејќи младите колеги кога ќе завршат специјализација не сакаат да работат како матични гинеколози. Фондот за здрaвство дава стимулација од 40.000 денари месечно за секоја новоотворена гинеколошка ординација, но за младите колеги тоа не е привлечно, со оглед на останатите услови под кои работиме. Капитацијата е 50 денари по пациентка, без оглед на староста или специфичноста на состојбата во која ѐ, за разлика од општите лекари, каде капитацијата е според староста на пациентите и каде најмалиот износ за капитација е 55 денари од пациент, а 220 денари од пациент над 65 годишна возраст“, велат од Здружението на матични гинеколози.

    Гинеколозите велат дека во моментов во земјава работат 150 матични гинеколози, и дека скоро секој има над 5.000 пациентки. Во моментов, критична е состојбата во градовите Св.Николе, Валандово, Пехчево, Берово каде има само по еден матичен гинеколог.

    „Што правиме ако колегите од овие градови одлучат да заминат од државата или одлучат дека не сакаат да работат со Фондот за здравство? Тие градови ќе останат без примарна гинеколошка здравствена заштита. Во здравствениот дом во Драчево се пензионираше еден од двајцата гинеколози, а колешката што моментално таму работи оди во пензија во јуни и овој здравствен дом останува без матичен гинеколог“, вели д-р Филиповски.

    Според него, дел од проблемите ќе се решат ако Министерството за здравство секоја година распишува оглас за десетина нови специјализации строго наменети за матични гинеколози.

    Според гинеколозите, проблемот во Шуто Оризари е тоа што во општината нема ординација на матичен гинеколог, па оваа здравствена услуга им е понедостапна на жените, но тоа не значи дека тие се без потребната здравствена заштита.

    „Според податоците кои ги имаме, над 85 отсто од жените од Шуто Оризари имаат избрано матичен гинеколог. Тие на гинеколог одат во Чаир или на Бит Пазар, и во случајов проблем е полесната достапност, а не дека се оставени без лекар. Дури и на ниво на земја нема друга општина која има толкав процент на жени кои имаат избрано матичен лекар. Тоа значи дека на жените од Шуто Оризари свеста за грижа за репродуктивното здравје им е висока, и пред сѐ благодарение на работата на невладините организации“, вели д-р Филиповски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира