ПОЛИЦАЕЦ ПРИ СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА ОБЉУБИЛ ДЕВОЈКА ВЛЕГУВАЈЌИ Ѝ ВО КОЛА, Ѝ РЕКОЛ „ЈАС МОРА ДА ПИПНАМ“

    ПОЛИЦАЕЦ ПРИ СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА ОБЉУБИЛ ДЕВОЈКА ВЛЕГУВАЈЌИ Ѝ ВО КОЛА, Ѝ РЕКОЛ „ЈАС МОРА ДА ПИПНАМ“Полицаецот доби куќен притвор, a Обвинителството најави жалба оти казната за кривичното дело е најмалку пет години затвор. (Фото: СДК.МК)

    Куќен притвор и привремено одземање на пасошот доби полицаец кој е осомничен дека во центарот на Скопје обљубил девојка која ја запрел за сообраќајна контрола, соопшти Обвнителството. Постапувајќи по кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР), Обвиителството го товари полицаецот од Полициска станица Бит Пазар за кривичното дело „Обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторил на 31 јули во 22:30 часот, на булевaрот Крсте Мисирков пред хотел ‘Дајмонд’.

    „Осомничениот, постапувајќи по наредба за вршење на дејност на сообраќајни прекршоци од Законот за безбеност на сообраќајот на патиштата, со светлосен знак ја запрел оштетената која управувала патничко моторно возило марка ‘мицубиши колт’ и при проверката на документацијата утврдил дека оштетената го управува возилото без возачка дозвола. Наместо да изготви и да ѝ врачи прекршочен платен налог, тој преку отворена возачка врата на возилото каде седела оштетената ѝ ги фатил рацете и со главата и горниот дел од телото влегол внатре во возилото и ѝ ја повлекол маицата па почнал да ја бакнува по градите, вратот и лицето. Потоа, напуштајќи го возилото ѝ рекол ‘Сега ќе те пуштам. Јас морам да пипнам, морам да видам’ и со трескање ја затворил вратата од возилото на оштетената и ѝ одобрил да си замине. Оштетената го ставила возилото во движење и го пријавила настанот, по што во координација со јавен обвинител беа преземени предистражни дејствија за расветлување на случајот. Врз основа на земени примероци за ДНК и извршено препознавање беше утврден идентитетот на полицискиот службеник и против него е поднесена кривичната пријава“, вели Обвинителството.

    Обвинителството предложи притвор ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци ќе ја попречи истрагата, но судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка за преминување на државна граница и забрана за издавање нова.

    Обвинителството најави дека за тоа ќе поднесе жалба, со оглед дека запретената казна за кривичното дело за кое се товари осомничениот е најмалку пет години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира