ПОЛИЦАЈЦИ ВО СТРУШКИ ЛОКАЛ СПРЕЧЕНИ ДА КАЗНАТ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ, ПРИВЕДЕНИ ВРАБОТЕНИ И ГОСТИ

    ПОЛИЦАЈЦИ ВО СТРУШКИ ЛОКАЛ СПРЕЧЕНИ ДА КАЗНАТ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ, ПРИВЕДЕНИ ВРАБОТЕНИ И ГОСТИЗа неносење маски приведени се и А. Х. (29) од селото Калишта како и Љ. Д. (26) и Л. Р. (28), двајцата од Струга (Фото: СДК.МК)

    Вчера околу 21 часот на улицата Маршал Тито во Струга при контрола во угостителски објект две лица ги спречувале полицајците да преземат соодветни мерки кон тројца гости во локалот кои не носеле заштитни маски.

    Во полициската станица приведени се М. А. (33) од струшкото село Калишта и В. Н. (29) од селото Велешта. Двајцата ги спречиле полициските службеници при вршење на службени дејствија кон три лица присутни во локалот, поврзани со спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на корoнавирусот, кои не носеле заштитни маски.

    „Оттаму, приведени се и А. Х. (29) од селото Калишта како и Љ. Д. (26) и Л. Р. (28), двајцата од Струга. Против приведените, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави”, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира