ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГО БРАНИ СОБРАНИЕТО АКО ИМА ПОТРЕБА

    ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГО БРАНИ СОБРАНИЕТО АКО ИМА ПОТРЕБАМВР ја следи ситуацијата на терен во врска со најавите од извесни „народни бригади“ за можно насилно влегување во Собранието; - од протестите на „За заедничка Македонија“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи ситуацијата и доколку има нарушување на јавниот ред и мир, подготвено е да реагира, велат за агенцијата Мета од МВР, во врска со најавите за можно насилно влегување во Собранието.

    „Министерството за внатрешни работи има формирано оперативен штаб и ја следи ситуацијата на терен. Доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир, Министерството за внатрешни работи е подготвено да реагира“, велат од МВР на прашањето од Мета дали е зголемено нивото на безбедност околу Собранието по ваквите најави.

    Деновиве, пред Собранието можеше да се слушне пораката „Народот ве седна во пратеничките клупи, народот ќе ве извади“, како и дека „стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата во свои раце“.

    Медиумите кои отворено ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да објавуваат текстови во кои провејува воена реторика и се споменува „самоиницијативна мобилизација“, „народни бригади“ и „граѓански групи кои за кусо време би реагирале со сите средства за спречување на узурпацијата на институциите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира