ПОРАДИ ДЕФЕКТНА УВ ЛАМПА ГЛАСАЊЕТО ВО ТЕАРЦЕ НА 15 МИНУТИ БЕШЕ ПРЕКИНАТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Теарце,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОРАДИ ДЕФЕКТНА УВ ЛАМПА ГЛАСАЊЕТО ВО ТЕАРЦЕ НА 15 МИНУТИ БЕШЕ ПРЕКИНАТО

    Гласањето во избирачкото место во Теарце утринава беше прекинато откако избирачкиот одбор констатира дека не работи УВ лампата со која се проверува дали избирачот претходно гласал на друго место.

    Избирачкото место беше затворено околу 15 минути. Откако беше донесена друга УВ лампа, изборниот процес тече нормално, јавува репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Прегласувањето е по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето само на ова избирачко место во изборната единица број 6. Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место во оваа општина, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.

    Во Теарце се впишани 714 гласачи од коишто на 11 декември излегоа 404.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира