ПОРАДИ ГОРЕШТИНИТЕ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД РАБОТА ТРУДНИЦИТЕ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ, ПРЕПОРАЧА ВЛАДАТА

    ПОРАДИ ГОРЕШТИНИТЕ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД РАБОТА ТРУДНИЦИТЕ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ, ПРЕПОРАЧА ВЛАДАТАПродолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе надминува 40 степени. (Фото: К. Попов)

    Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободуваат од работни обврски од 12 до 18 јули поради горештините во Македонија, е една од препораките кои ги усвои Владата на денешната онлајн седница.

    Усвоени се и следните одлуки:

    • Работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.
    • Градинките да не практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.
    • Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, а со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените лица.

    Според Управата за хидрометереолошки работи (УХМР), продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. В недела попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира