ПОСКАПУВААТ ЦИГАРИТЕ, НЕСОГОРЛИВИТЕ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ, ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА СОБИРА 13 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ОД ЗГОЛЕМЕНАТА АКЦИЗА

    ПОСКАПУВААТ ЦИГАРИТЕ, НЕСОГОРЛИВИТЕ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ, ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА СОБИРА 13 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ОД ЗГОЛЕМЕНАТА АКЦИЗАСекој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче. (ФОТО: Лил Артси)

    Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари, согласно измените на Законот за акцизите, кои стапуваат во сила в петок. Собранието ги усвои овие измени минатата недела на 3 октомври.

    Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

    „По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: Член 84-а: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина”, наведено е во законските измени.

    Според усвоените измени, поскапувања ќе има до 2030 година, а акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче. Ваква законска одредба имаше и досега, но таа истекуваше годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира